Иванов уште еднаш ги искажа цврстите позиции за името (ВИДЕО)

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов уште еднаш покажа цврсти позиции за името.

Во вечерашната дебата на МРТ, на која присуствуваа сите кандидати за претседатели,Иванов повторно го искажа својот став дека нема да се преговата за името кое го подразбира и идентитетот на народот.

-Овој проблем го наследивме ние што моментално сме на овие функции. Многу време е потрошено за конфузија. Затоа треба да бидеме терминолошки прецизни. Ние немаме преговори со Грција околу нивниот проблем со нашето име. Согласно резолуциите 817- 845 на Обединетите нации, ние имаме обврска да разговараме за разликата за името што се јавила при проблемот при нашиот прием во ОН. Никојпат не сме преговарале ние, за име не се преговара, рече Иванов.

Според него, до решение може да се дојде само ако се почитуваат резолуциите на ОН и пресудата од Хаг.

-Решение може да се најде ако се почитуваат резолуциите на ОН, привремената спогодба каде што некој го уфрлил терминот „преговори“ и пресудата на Меѓународниот суд во Хаг. Таа е правната рамка, во таа правна рамка може да се најде решение. Тоа решение не мора да наѕира во националниот идентитет, било која одредница која е од суштествено значење за нашиот национален идентитет, нашата посебност, нашиот јазик, нашиот модел на соживот. И од тој аспект и во мојата програма стои дека нема да прифатам промена на Уставот за да се промени уставното име на Република Македонија, рече Иванов.

За разлика од Иванов, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски воопшто не искажа прецизен став.

-Дали и понатаму ни остануваат приоритети евроатлантските структури, односно организации, и ако е тоа така, по која цена сите ние овдека, релевантни политички субјекти, со најшироко можен политички и меѓуетнички консензус да договориме по која цена би можеле да одиме да се зачлениме, бидејќи условот го знаеме за да одиме натаму. Без тоа не би сакал воопшто да помислам овде, во неформална конверзација со пријатели, со комшии да го отворам тоа прашање, а не, пак, да преговарам во име на државата. И од тој аспект мислам дека ние и последниот пат кога отидовме на преговори кај Нимиц, погрешивме, рече Пендаровски.

05.04.2014 - 22:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа