Целосна доминација на Иванов на телевизиската дебата - Пендаровски без контрареплики

 

Иако на своите митинзи, кандидадот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, самоуверено бараше дебата со неговиот противкандидат Ѓорге Иванов, вечерва молчеше пред можноста за контрареплики на телевизиската дебата на националниот сервис. Очигледно, Пендаровски немаше како да ги оспори зборовите кажани од Иванов, поткрепени со факти, образложенија, дела и резултатит.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов целосно доминираше на вечерашната јавна дебата на јавниот сервис. Тој даваше конкретни одговори и беше убедлив во својот настап. 

Актуелниот претседател се осврна на приоритетите, на делот на надворешната политика, безбедноста, со главен акцент на економијата и отворањето на нови работни места.

Пендаровски, пак, кој на своите настапи упорно бараше дуел со Иванов, вечерва не навлегуваше во дебата и не ја користеше можноста за контрареплики.

 

 

05.04.2014 - 22:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега