По тридневниот штрајк на пилотите нормализиран воздушниот сообраќај во Германија

По тридневниот штрајк на пилотите од најголемата компанија во земјата „Луфтханза“поради што беа откажани околу 4.000 летови, воздушниот сообраќај во Германија се нормализира.

- Малку по пет часот по локално време почнаа да слетуваат првите авиони, соопшти портпаролката на „Луфтханза“. Компанијата за денеска планира 1.800 лета.

Обновувањето на воздушниот сообраќај минува без тешкотии на најголемиот германски аеродром во Франкфурт, соопшти „Фрапорт“ компанијата оператор на аеродромот.

Синдикатот на пилотите „Кокпит“ во средата објави тридневен штрајк на вработените во „Луфтханза“ во рамки на преговорите со компанијата за задржување на можноста за рано пензионирање на 55 години и 10 процентно зголемување на платите.

Поради штрајкот беа откажани 3.800 летови со вкупно 450.000 патници.

05.04.2014 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега