ГРОМ на средби со граѓани во Кривопаланечко
Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ денеска oствари посета на Крива Паланка и населените места во Кривопаланечко.
Претседателот на партијата Стевчо Јакимовски пред кривопаланчани, кои го дочекаа на градскиот плоштад изрази задоволство што доаѓа во неговиот крај, во родното Подржи Коњ и најави дека ќе разговара со сите групи граѓани.
Лидерот на ГРОМ повика на обединување за решавање на проблемите во државата. Тој оцени дека на Македонија и треба политичка сила која ќе обезбеди достоинствен живот.
- Треба да обезбедиме единство за решавање на проблемите на граѓаните, а тоа ќе се оствари преку функционирање на правото и правната држава, со функционална демократија и функционална пазарна економија. Стабилната економија ќе креира нови работни места и подобар стандард за граѓаните, рече Јакимовски.
Првиот човек на ГРОМ ја претстави партијата како претставник на граѓаните и заштитник на послабите.
Кандидатот за претседател од редовите на ГРОМ, Зоран Поповски ја продолжи посетата на градскиот пазар каде имаше можност да разговара со земјоделците и купувачите, а оттаму заминаа на средба со кривопаланечките пензионери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа