Новите автопати донесоа вработувања - за 2 дена отворени над 2.000 работни места
Градежните компании Трансмет и Бетон имаат потреба од над 500 работници за изведување на градежни работи на патните правци Миладиновци- Свети Николе- Штип и Кичево – Охрид. Огласите за вработување во градежните компании денеска се објавени во дневните весници.
235 работници и се потребни на компанијата Трансмет за потребите на изградба на дел од автопатот Кичево-Охрид. Огласот е распишан за градежни инженери, техничари, рударски инженери, извршители и работници на каменолом, минери, раководители со градежна механизација, ракувачи со градежни машини, возачи и градежни работници.
Компанијата Бетон, пак, има изградба од 280 работници за изградба на автопатот Миладиновци- Свети Николе. Потребни се раководни инжинери на објект, инженери геодети, техничари на објект, возачи, ракувачи со градежни машини, градежни работници тесари, бетонирци и општи работници.
Освен Бетон и Трансмет, за изградба на автопатот Миладиновци - Свети Николе - Штип и се потребни работници и на кинеската компанија „Синохидро“, која со огласот ќе ангажира 125 работници.
Градежната компанија Гранит, пред два дена објави оглас за вработување на 670 работници кои се потребни за градежни работи на патните правци Миладиновци- Свети Николе- Штип и Кичево – Охрид.
Огласот за вработување на „Гранит“ е објавен во весниците „Дневник“ и „Вечер“. Компанијата има потреба од вкупно 28 работни позиции како градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансов извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници и други.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа