Бездомник успеа да си ја врати спортската добивка од над еден милион евра која му ја украле пријателите

54-годишниот Франтишек Вацлавек ја покажува неговата среќа од судската одлука која потврдува дека добивката на спортска прогноза од 1,1 милион евра е негова.

Двајца негови пријатели пред четири години со измама му ги одзеле парите. Тие се осудени на 5-годишна затворска казна.

- Среќен сум што ја добив пресудата. За парите ќе си купам стан и ќе патувам, никогаш не сум бил подалеку од Германија, изјави Вацлавек, кој целиот свој живот го минал како бездомник.

Мирослав Шошка (29) и неговата девојка Јана Черна (35) во 2010 година ја искористиле наивноста на нивниот познаник Франтишек кој се смета за ментално заостанат и му ги украле парите стои во пресудата. 

Со дел од парите купиле автомобил и голема куќа со базен каде една година живееле заедно со Франтишек, кој се додека не го избркале мислел дека се во негова сопственост.

Обвинетите тврдат дека целата приказна е добро смислена и дека Франтишек воопшто не е наивен и ментално заостанат.

Тие тврдат дека на Франтишек секоја недела му давале пари и ливче кое тој за нив го уплаќал, па следствено и добивката е нивна.

Одлуката на судот не е правосилна и е сосема различна од пресудата во претходната првостепена постапка кога Франтишек не успеа да докаже дека парите од кладилницата се негови.

05.04.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега