Паника во Делчево: Змии се "сончаат" покрај Брегалница

Врие од змии покрај реката Брегалница во центарот на Делчево. Како што јавува Канал 77, и годинава како и претходната година во Делчево се повторува ужасната слика со змиите, уште на стартот на топлото време.

Годинава првата средба со змиите ја имал делчевчанецот Захир кој секојдневно продава семки покрај грмушките во паркот. 

Како ќе го реши проблемот со змиите во Делчево, засега општинскиот инспекторат нема одговор. Не се знае колку змии се кријат во паркот.

04.04.2014 - 11:05
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа