Хороскопските знаци и чистењето - се пронајдовте ли?

Хороскопот открива какви сте во поглед на хигиената и чистењето.

Овенот дава се од себе за да исчисти брзо и неговиот дом да сјае во буквална смисла на зборот, додека бикот ако треба и сто пати ќе помине на истото место со крпа или со правосмукалка само за да не мора да собере нешто со раце.

Близнаците се најбрзи кога станува збор за чистењето, додека раковите се внесуваат во се останато и забораваат на чистењето.

Лавот по цел ден ги чисти само огледалата, девицата се прави сама, го светнува цел дом без да побара помош, додека вагата повеќе се восхитува на тоа како и стои престилката, отколку што е посветена на чистењето.

Скорпијата го мести креветот и бара доброволци за да го испробаат, а стрелецот сака повеќе да се занимава со дворот или градината, отколку со чистењето на домот.

Јарецот прво проценува што ќе добие, а што ќе загуби ако исчисти, па потоа презема акција, а водолијата дели кои нешта се за во корпа со отпадоци, а кои за рециклирање.

Рибите ќе чистат, додека мечтаат да седат во дворот.

Извор: Кафепауза

04.04.2014 - 10:08
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа