За проширувањето на ЕУ и Македонија ќе се разговара во јуни

 

 

Советот за општи работи на Европската унија и дефинитивно одлучи жешкото прашање за проширувањето и можното доделување датум за почеток на пристапните преговори со кандидатите Македонија и Србија да го отвори на последниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата што ќе се одржи во јуни, неколку дена пред Самитот на Европскиот совет кој е закажан за 27-ми, идниот месец.

Министрите за надворешни работи денеска во Брисел го подготвуваа утрешниот Самит на Европскиот совет, кој ќе биде посветен на засилување на даночната контрола во ЕУ и на енергетиката, додека прашањето за проширување, иако беше на агендата, според Гилмор е одложено за 25 јуни, кога Советот за општи работи на Унијата ќе го одржи последниот состанок во подготовката на јунскиот Самит на ЕС.

- Денеска само ги допревме прашањата кои ќе бидат опфатени со јунскиот Самит, како економските политики, имплементацијата на раст и работни веста, како и прашањето за проширување. Но, на нив ќе се навратиме подоцна, напомена ирскиот вицепремиер Гилмор на прес-конференцијата по завршувањето на ГАК-от.

 

најчитано сега