Дваесет шокантни вистини за Северна Кореја!!!

Официјално е најизолираната и најтаинствената држава на светот на чело со членовите на култната династија Јонг. Но, дали ја имаме вистинската слика за оваа таинствена држава. За Северна Кореја се знаат многу работи, но уште повеќе светот не знае за вистината во оваа земја! Северна Кореја се простира на 120.540 квадратни километри со околу 25 милиони жители. 

1. Освновач, односно прв претседател Ким II Сунг, ја создаде самоодржливата држава, односно создаде државна политика која е економски и дипломатски ја отсече Северна Кореја од остатокот на светот, дури и во најлоши услови за нејзините жители во период на глад. 

2. Само војската и владините службеници можат да имаат моторни возила односно автомобили. 

3. Жителите можат да имаат само една од 28 одобрени физури кои им ги имаат одредено властите. 

4. Интернетот во оваа земја не постои освен затворените државни мрежи, така што многу мал дел од тамошните жители знаат за тоа што се случува во остатокот од светот. Владата строго ја контролира Телевизијата и радио програмата, а ограничениот пристап на „вистинскиот“ интернет ја имаат многу мал број на луѓе во Владата. 

5. Ким Јонг син на основачот на земјата, има имресивна и неверојатна официјална биографија. Тој проодел во третата недела, а почнал да зборува во осмата. Напишал повеќе од 1500 книги, а прв пат која отишол на куглање веднаш ги освоил максималните 300 поени. Тој може да ги контролира временските прилики со своето расположение. Напишал 6 опери (кои влегле во севернокорејската музичка историја) а е експерт и за кинематографија. 

 

6. Војската на Северна Кореја е една од најголемите во светот. Брои околу 1,2 милиони активни војници (плус 6 милиони резервисти), односно 1 од секои 5 мажи во доба од 17 до 54 годишна возраст е војник со полно работно време (додека на пример, Јужна Кореја има 680.000 војници).

7. Е сега колку и да овој податок ви звучи неверојатен, тој е вистинит, постојат луѓе кои побегнале од Северна Кореја! Еден од најпознатите е Џејмс Јозеф Дреснок, американски војник кој побегнал од Северна Кореја преку минско поле во 1962 година. (Тој сега е стандарден глумец во нивните пропагандистички филмови) 

8. Просечниот работник во Северна Кореја зарабтува околу 1,5 до 3 евра месечно во просек околу 700 евра годишно. Приватниците можат да заработат и до 100 евра, додека богатите ретки бизнисмени заработуваат и до 500 евра месечно. Просечниот работник со 1,5 или 3 евра може секој месец да купи 2 килограми ориз, но не заборавајте го фактот дека секој ден тие добиваат храна на работа. 

9. Помеѓу 150.000 и 200.000 Севернокорејци живеат во логори опкружени со електрични огради. Најлошите се за оние кои направиле политички злочини. Во тие случаи во логорите се пратени и по цели фамилии на сторителот на ваквите дела. Дури 40% од затворениците умираат од недостаток на храна или пренапорна работа (според податоците на Amnesti interna[nala). 

10. 1978 година севернокорејските агенти киднапирале јужнокорејски режисер Шин Санг Ока како и неговата сопруга, глумицата Чое Еун Хуи, за да создадат филмска индустрија во Северна Кореја. Овој јужнокорејски пар, сепак успеал да побегне од државата откако направиле десетина филмови за севернокорејската влада. 

11. Според извештајот на јужнокорејската влада Северна Кореја троши третина од својот национален доход на војската. 

12. Електричната енергија воглавно во текот на ноќта се гаси, а домовите кои имаат струја често добиваат само по неколку часа дневно.

13.Државните приходи на Северна Кореја воглавно се ослонуваат на извозот во Јапонија и другите држави во близина, а извозот верували или не во најголем дел се работи за лекови како што се вијагра, наркотици како метамфетамин, цигари, и лажни пари од 50 и 100 долари (кои се нарекуваат супердолари) затоа што е тешко да се откријат. Се продава и оружје во разни неформални воени дружини. 

14. Северна Кореја како што споменавме е најизолиранта држава во светот но не и најкорумпирана. Ова примат го има Сомалија. 

15. Северна Кореја се наоѓа на третото место по бројот на извршени смртни казни по Кина и Иран.

16. Марихуаната во Северна Кореја е легална, и воопшти не е класификувана како дрога. 

17. Северна Кореја службено престанала да биде комунистичка држава од 2009 година. Новата официјална државна идеологија се вика „Јуха“ (самоодржливост, војската на прво место...)

18. Севернокорејските археолози во 2012 година официјално објавиле дека го откриле единствениот еднорог на кој јавал легендарниот крал Тонгмиунг пред 2000 години?!

19. И покрај тоа што живеат во тешки услови, каде владеат глад, и строги политички режим, во Северна Кореја 99% од луѓето знаат да читаат и пишуваат. 

 

20. Технички, војната меѓу Северна и Јужна Кореја уште трае. А во 1991 година двете Кореи потпишале договор за меѓусебно почитување и неупотребување на сила. 

 

03.04.2014 - 20:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа