Колку пари Америка потроши за потрагата по исчезнатиот авион?

 

Америка досега потрошила над 3,3 милиони долари во акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот малезиски авион и сеуште учествува во потрагата  која ќе ја чини речиси двапати повеќе од првично планираната сума од четири милиони долари, изјави портпаролот на Пентагон, полковник Стив Ворен.

Исто така потпаролот изјави  дека 3,2 милиони долари биле потрошени за гориво на бродовите, авионите и хеликоптерите, кои учествувале во потрагата во периодот од 8 до 24 март.

Во периодот од 25 до 31 март Воената морнарица на САД потрошила околу 148.300 долари за спасувачките летови од американската база во Перт, Австралија.

 

 

03.04.2014 - 15:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега