Полски свештеник ги предупредува родителите - Лего играчките се „орудие на сатаната“
Свештеникот Славомир Костршева, смета дека данската компанија „Лего“, со својата најнова серија од пластични играчки придонесува за создавање на „светот на мртвите и на Зомбите“, додека со фигурите „Борец-чудовиште“ ги води децата кон „мрачната страна на животот“.
Тој ги повика родителите да му се спротивстават на „Лего“ со некупување на овие играчки и обвинувајќи ја компанијата-производител дека се „свртува кон мрачното“ и на тој начин ги насочува децата кон мрачниот свет и кон светот на умрените.
Свештеникот Костршева своето обвинување за овие играчки го поткрепува со истражувањето што го направиле експерти од Универзитетот Кантербери во Нов Зеланд.
Испитувајќи ги играчките „лего“ и нивното влијание врз децата, новозеландските истражувачи забележиле дека изразите на ликовите на играчките на малите фигури, стануваат се повеќе гневни.
- Таквите изрази на лицата на фигурите „лего“, може да предизвикаат конфузија кај најмладите, за тоа што е добро, а што е лошо, како и меѓу доброто и злото, им порача на родителите свештеникот Славомир Костршева, во текот на еден од редовните проповеди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа