Загинал бидејќи заборавил на летното сметање на времето - еве како

Експлозија на бомба одекна во Даблин при што едно лице го загуби животот. Инцидентот се случил уште во неделата, во раните утрински часови, во моментот додека жртвите се обидувале да ја поставуват бомбата под еден паркиран автомобил.

Бомбашите не пресметале дека започнува летното сметање на времето, па самите загинале од бомбата која ја направиле во домашни услови.

Двајцата бомбаши требало да ја постават под паркираниот автомобил и таа да експлодира во раните утрински часови, без никого да повреди, освен да предизвика материјална штета, но заборавиле на летното сметање на времето, па бомбата се активирала додека ја местеле.

 

03.04.2014 - 14:36
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега