Покрив над глава за социјално загрозените, евтини станови и легализација на дивоградби

 

Социјално загрозени семејства добија покрив над главата,  со проектот "Купи куќа, купи стан" околу 250 семејства полесно дојдоа до живеалиште, се забрза и олесни постапката за откуп на општествените станови, а со легализацијата на дивоградбите и приватизацијата на дворовите за едно евро квадрат стотици илјади граѓани добиваат тапии за имотите. 

Вечер анализира дека околу 560 социјално загрозени семејства во изминатите неколку години дојдоа до покрив над главата преку владиниот Проект за домување на социјално ранливи групи. Грижата за лицата кои се социјално загрозени продолжува, па лани е почната изградбата на нови станови од проектот за домување на социјално ранливи групи ширум државата. Во Прилеп се градат 75 станови, во Демир Хисар 25, а во Ресен 18 станови, кои ќе бидат подготвени за вселување оваа и наредната година. Исто така изработени се проекти за уште 312 станови во Скопје, 43 во Кочани, 70 во Гостивар, 10 во Македонски Брод, 34 во Пехчево, 39 во Виница, 54 во Свети Николе, 48 во Пробиштип, 41 во Струмица и 62 во Неготино. Владата има во план проектирање на уште 121 стан во Скопје, 68 во Куманово, 55 во Тетово, 46 во Дебар и 29 во Велес.

Со субвенционирање на станбените кредити со буџетски средства од 1,5 милиони евра преку владиниот проект "Купи куќа, купи стан" околу 250 семејства добија можност полесно и поевтино да дојдат до стан или да си изградат куќа. Проектот тече веќе трета година и според надлежните во Владата интересот е се поголем, а условите постојано се подобруваат што овозможува поголем опфат на граѓани.

Во тек е и постапката за приватизација на дворовите и земјиштето под објектите, за која, исто така е предвидена цена од едно евро за квадратен метар за парцели до 500 квадрати. До крајот на минатата година поднесени се 233.971 барање за легализација на дворните места по едно евро за квадратен метар. Од нив со правосилна одлука решени се 136.670 барања, а во постапка се уште 99.277. 

Повеќе прочитајте на Вечер.

03.04.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега