НАТО: Русија ќе ја освои Украина за 3 до 5 дена
Русија располага со сите неопходни сили долж границата со Украина доколку одлучи да интервенира во оваа земја, а својата цел може да ја постигне за три до пет дена, изјави денеска главниот командант на здружените вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Филип Брејдлав.
Оценувајќи ја ситуацијата на границата како „исклучително загрижувачка“, Брејдлав истакна дека Алијансата синоќа добила сигнали за раздвижување на мал дел од руските сили, но оти нема индикации дека тие се враќаат во своите бази.
- Тоа се многу големи, способни и подготвени сили, нагласи генералот.
Според него, тоа значи дека Русија има се што е потребно за успешна интервенција во Украина.
- Сметаме дека тие се подготвени да тргнат и можат да ја постигнат целта во рок од три до пет дена, доколку добијат инструкции да го направат тоа, истакна Брејдлав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа