Уште едно училиште мета на крадци - направена штета од 5.000 евра

Основното училиште „Фан Ноли“ во тетовско Озормиште било ограбено ноќта помеѓу понеделникот и вторникот од засега непознати сторители.

Од училиштето крадците кои влегле откако насилно ја отвориле влезната врата, како и вратата од наставничката канцеларија, украле 23 преносни компјутери  со полначи и 25 „мауси“ кои биле ставениво метален плакар. Потоа, незабележани од никого го напуштиле местото на настанот.

Штетата се проценува на околу 5.000 евра.

02.04.2014 - 13:48
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа