ВИДЕО: Поради статус на Фејбук и се заканува затворска казна

22- годишна Колин  од Мичиген поради статус на Фејбук ќе се соочи со затворска казна. Во 2012 година поради возење во пијана сотојба добила забрана од судот да конзумира алкохол, која таа не ја почитувала.

Колин била сопрена од сообраќаец и требало да направи алкотест, кој го поминала иако било очигледно дека била во алкохолизирана состојба па решила веднаш да се пофали на социјалната мрежа „Фејбук“.

- -Сабајле морав да правам алкотест и поминав, а вчера пиев. Фала му на Бога, LOL, напишала таа на својот профил.

Откако го виделе овој статус надлежните органи ја викнале да  направи тест преку урина, кој детектира алкохол и 80 часа по консумирањето. 22 - годишната деојка тоа го одбила и поради тоа сега мора да се појави пред судот и моѓно е да доби затворска казна од 93 дена.

 

02.04.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа