Ставрески: Тутунарите ќе го добијат ветеното, нема да ги оставиме

Тутунарите нема да бидат сами, ќе биде ВМРО-ДПМНЕ зад тутунарите и ќе најдеме решение за проблемите. Јас ги уверувам сите тутунари, ВМРО-ДПМНЕ стои зад вас и ќе го исполниме она што сме го ветиле нема да ве оставиме.

Ова вечерва од Радовиш го истакна вицепремиерот Зоран Ставрески кој се обрати на митингот за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Говорејќи за него, Ставрески истакна дека Иванов во изминатите пет години покажал и докажал како треба да се води сопствената земја.

-Иванов е човек кој почнал од работничко семејство, од семејство кое го направило во животот да се бори преку сопствениот труд, со своите раце и умот и постигнал многу во животот. Ѓорге е скромен и чесен човек кој гледа на сите да им помогне, ги има сите морални вредности кои ги поседува македонскиот човек, посочи Ставрески.

Вицепремиерот додаде и дека во изминатите пет години, Иванов покажал што значи да се биде патриот и да се сака сопствената земја и истата со љубов да се претставува насекаде.

 

 

01.04.2014 - 23:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега