Продолжува судењето против екс градоначалникот на Старо Нагоричане

 

Поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане кривично одговара за ,,предизвикување сообракајна несреќа со смртни последици“ како и за ,, неукажување помош на повреденото лице“.

31 годишниот Срѓан Лазаревски кој минатата година беше прегазен со службено возило на општината Старо Нагоричане, починал од нагмечување на мозокот поради сериозни повреди на главата и черепот, пишува каанал 5. Според информациијата на телевизијата, вештакот од Институтот за судска медицина на денешното рочиште во процесот против екс градоначалникот Миодраг Јовановиќ, констатирал дека пешакот бил удрен од зад грб, односно, дека жртвата се движела во иста насока со возилотот.

Судот прифатил само еден од сведоците предложени од одбраната на Јовановиќ, а тоа е сопственикот на вулканизерската работилница Жегра каде дента откако се случила сообракајната незгода била сменета задната десна гума на „Шкодата октавиа“.

-Побаравме реконструкција на кривично правниот настан бидејки од записникот за увид и од скицата за увид на ниту едно место ја нема контактната точка од сударот на возилото со оштетениот. Во поглед на предлогот за реконструкција се согласивме судот да се произнесе по истиот откако предметот ке се врати од дополнение на сообракајно техничкото вештачење, изјавил адвокатот на Јовановиќ, Зоран Андоновски, пренесува Канал 5.

ФОТО: Канал77

најчитано сега