Лефков: Филипче прифатил безусловно да биде маша за бугарските интереси и позиции во Македонија

 


Фрапантно е со која леснотија СДС се стави во целосна служба на
 бугарските агенции и интереси, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Апологетите на СДС во еден глас ја пренесуваат бугарската пропаганда, вели Лефков.

„Венко Филипче прифатил безусловно да биде маша за бугарските интереси и позиции во Македонија.

Венко Филипче целосно го копира Зоран Заев и смета дека со ставање на располагање на партијата и нејзините инсталации во општеството на друга држава тој ќе дојде некогаш на власт.

Венко Филипче и СДС веќе не се воопшто автентични. Венко Филипче и СДС целата своја стратегија и приод и го имаат оставено на Бугарија.

Во периодот што следува ќе гледаме многу фабрикувани вести, лажни документи и изнудени реакции.

Македонија, а пред се премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под удар на хибридни операции водени од страна, а извршени од СДС.

Сомневањата ни се дека крајниот финансиер на ваквите операции е една голема источна земја, која има силно влијание и во Бугарија“, посоли Лефков.

Лефков потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ги препозна нападите и успешно ги отфрли. СДС се демаскирани.

„Само разочарува фактот како безпоговорно, за власт се ставија на располагање на центри кои не и мислат добро на Македонија“, рече Лефков.

22.07.2025 - 12:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега