Нови вести за Шумахер - шампионот ќе биде префрлен во Швајцарија

 

Францускиот професор Жерар Саилан одби од почит кон блиските на Шумахер да ја коментира неговата здравствена состојба. 

Прочуениот француски хирург е добар пријател на легендарниот возач којпо страотниот пад за време на скијањето на францускте Алпи, повече од три месеци е во кома. Повечето лекари молчат за неговата состојба, а ни семејството не ги коментира црните прогнози кои во последно време излегоа во јавноста.

Според последните информации, Шумахер од болницата во Гренобил ќе биде пренесен во Швајцарија, каде неговата сопруга ќе обезбеди потполен медицински третман, а се работи за болница која ќе биде во склоп на нивниот дом, вредна 12 милиони евра.

Никој не сака да ја коментира состојбата на седумкратниопт шампион во Формула 1.

 

01.04.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега