ФОТО: Ова е новиот iPhone 6?

Дизајнер кој се водел од сите досегашни информации за изгледот на претстојниот iPhone 6, направи комплетен концепт за тоа како би можел да изгледа новиот смартфон на Apple.

 

Концептот изработен за француската страница Nowhereelse.fr е направен според идејата за 4,7-инчен екран, со потенко тело и поелегантен дизајн, а го има истиот дизајнерски јазик како и iPad Air.

Во овој концепт iPhone 6 или пак iPhone Air како што се шпекулира дека ќе се вика, има дебелина од 7,1 милиметар што е потенко од актуелниот 5Ѕ кој е 7,6 милиметри. Страните се благо заоблени, а место две копчиња за прилагодување на гласноста има едно споено.

Дизајнерот поиграл и со некои од опциите, па позадината е од стакло иако таа опција Apple ја замени со алуминиумското тело на актуелните модели. Другите опции се страни од мат метал, како и екран кој ја покрива целата предна страна, пишува Mashable.

Најавите се дека дефинитивниот изглед на новиот iPhone ќе биде претставен во септември.

 

 

01.04.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега