Екс- градоначалникот на Охрид трошел 120 евра дневно за бензин

 

-Инспекциските контроли, правејќи анализа на финансиската ситуација во општината која тоне во долгови доаѓаат до податоци кои го потврдуваат неодговорното работење на Петрески и неговиот тим. Ако скандалозни беа досегашните информации за неразумните трошења на парите од граѓаните од страна на Петрески, тогаш потрошувачката на гориво за службените автомобили на општина Охрид, слободно може да се објави во рубриката "верувале или не", пишува Курир.

Според информациите на Курир, општинската каса на Охрид, по основ гориво за службените автомобили на локалната администрација, во 2012 година се задолжила за околу 2,5 милиони денари. Во првите три месеци од 2013 година, Општината по истиот основ, направила долг од речиси 800.000 денари. Ако се направи математиката, Општината, месечно трошела над 208. илјади денари за гориво, или дневно, околу 7.000 денари.

Курир пишува дека дополнително ќе се утврдува за што и кој ги употребувал општинските возила и дали горивото било трошено на туристички или работни патувања.

-Фактот што поранешниот раководител на секторот за локален економски развој на Охрид, само по основ на дневници за неколку години заработил дополнителни околу 12.000 евра, без никаков ефект по развојот на градот, зборува за немањето одговорност во трошењето на парите на охриѓани, пишува Курир. 

 Курир во изминатите неколку денови, објави дека Петрески само во 2012 година потрошил 4,5 милиони денари за ресторански услуги, додека пак, на име на трошоци за мобилна телефонија, општината платила близу 2,5 милиони денари. 

ФОТО: Ohridnews

најчитано сега