Иванов денеска во Виница и Радовиш - еве каде ќе одат кандидатите за претседател
Кандидатитекои ја трчаат трката за претседател на државата денеска повторно на средби и митинзи во градовите низ Македонија.
Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој се бори за втор претседателски мандат, денеска ќе одржи митинзи во Виница и Радовиш, како и помали митинзи во Чешиново-Облешево, Зрновци и Карбинци, додека СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, ќе има митинг во Делчево и средби со граѓани во Македонска Каменица, Берово и Пехчево.
Во текот на денешниот ден и ГРОМ, со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Кисела Вода и средби со граѓани во Петровец, Илинден, Зелениково, Сопиште и Количани, а кандидатот за претседател на ДПА Илијаз Халими ќе одржи митинг во селото Речане, а претходно средби со граѓаните ќе има во Дебреше, Здуње, Равен и Вруток.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа