Груевски пред струмичани: Моќта не го промени Иванов

 

Иванов е човек кој остана ист, остана со народот. Тој е истиот оној човек кој го познававме од претходно. Политиката и моќта воопшто не го променија, истакна вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Струмица.

- Тој остана истиот човек, отворен, чесен и стабилен, претседател кој посветено и чесно ја извршува својата претседателска функција. Иванов посветено и чесно работеше во извршување на своите претседателски функции во текот на првиот претседателски мандат, како што е управувањето со Армијата на Македонија и изборот на амбасадори на земјава во целиот свет, рече Груевски, додавајќи дека во текот на петгодишниот мандат актуелниот и кандидат за иден претседател на Република Македонија Иванов се посветил и на меѓународна дипломатија.

Државниот врв во изминатите пет години, рече Груевски, имаше единство по сите прашања кои ја засегаат Република Македонија

- За пет години државниот врв имаше единство. Навистина е убаво кога државниот врв знае да го изнајде вистинскиот начин за единство, да ги стави на маса сите идеи и да даде поддршка на оние најдобрите, додаде Груевски пред приврзаниците во Струмица.

01.04.2014 - 09:30
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега