Пендаровски: Потребни се нови луѓе кои имаат решенија за проблемите
Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски денеска во рамки на предизборната кампања пред валандовчани рече дека на Македонија и се потребни нови луѓе кои имаат решенија за проблемите.
- На 13 април ќе биде првиот испит. ВМРО-ДПМНЕ се плаши од 13-ти. Немаат ништо ново што да понудат. Главата горе да гласаме како што треба, повика Пендаровски.
Валандовчани, се пожалија дека немаат никаква инфраструктура, ниту патишта.
- Видовме дека немате никаква инфраструктура, ниту патишта, ниту нови фасади. Се што се гради, се гради во Скопје, во бесцелниот проект Скопје 2014. А власта се фали со автопати што ќе гради на кредит. Инфраструктура се гради со години, а тие дејствуваат како им одговара, од денес за утре, рече Пендаровски.
Претседателскиот кандидат на СДСМ во Валандово зборуваше и со случајни минувачи и со млади луѓе кои сакаа да ја слушнат неговата визија за Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа