ЕУ ќе го употреби датумот за почеток на преговорите со Србија за да изврши притисок врз Белград

ЕУ ќе продолжи да го употребува прашањето за определување датум за почеток на преговорите за присоединување на Србија кон ЕУ за вршење притисок врз Белград во преговорите со Приштина, пренесоа агенциите, повикувајќи се на дипломатски извор во Советот на ЕУ.

Изјавата е дадена пред денешниот последен круг консултации меѓу премиерите на Србија и Косово во Брисел, со европско посредништво.

Прашањето за датумот за почеток на преговорите со Србија ќе се разгледува на 27 мај на заседание на Советот на ЕУ на ниво министри за надворешни работи.

При решавањето на ова прашање безусловно ќе се разгледуваат успесите на земјите во реализирање на спогодбата за нормализирање на односите од 19 април, забележа изворот.

Дипломатски извори не кријат дека Србија ќе може да го заврши процесот на преговори и да влезе во ЕУ само признавајќи ја независноста на Косово, а секој чекор на патот на Србија кон ЕУ ќе биде поврзан со последната отстапка кон Приштина, посочуваат руските меидуми.

Во врска со тоа ќе биде многу тешко да се предвидат роковите за преговори за присоединување, бидејќи се ќе зависи од соработката на Белград за косовската тема.

Експертите сметаат дека за прифаќањето на Србија во ЕУ ќе бидат неопходни не помалку од три до пет години. 

најчитано сега