Си ги ставил во џеб парите од погребалната опрема - еве што направиле тројца велешани

65-годишниот И.Б. 55-годишниот Ќ.Н. и 57-годишниот Љ.В. од Велес си заработија кривична пријава поради проневера во службата и „фалсификување или уништување деловни книги.

Имено,  првопријавениот И.Б. додека работел како продавач на погребална опрема во ЈКП „Дервен“,  присвоил пари од продадена погребална опрема која ја пријавил како затекната во продавницата, а второ и трето пријавените како претседател и член на пописна комисија пропуштиле должен надзор и не ги исполниле своите должности, потпишувајќи ги пописните листи без да бројат и попишуваат, со што му овозможиле на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист а на штета на ЈКП Дервен во износ од 1.837.000 денари.

31.03.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега