Слободан Милошевиќ лично наредил да биде убиен Аркан?

Слободан Милошевиќ лично наредил да биде убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан. Ова го утврдила истрагата на Специјалното обвинителство за организиран криминал, пишува Информер.

Како што наведува весникот, Милошевиќ и издал налог на тајната полиција Аркан да биде ликвидиран како "голема закана за националната безбедност". Милошевиќ на ова се долучил од две причини. Прво, се плашел дека Аркан може да ги каже неговите тајни пред Хашкиот трибунал, а до него стигнале и информациидека Аркан соработува со службите од западот.

Од обвинителството, како што пренесува весникот, велат дека доказите дека Милошевиќ наредил Аркан да биде ликвидиран се повеќе од цврсти. Се работи за документи со кои се потврдува тоа.

31.03.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега