Ајфеловата кула, денеска слави 125 години

Ајфеловата кула, денеска слави 125 години  од нејзината изградба во 1889 година во Париз. Таа тогаш важела за највисока градба во светот.

Металната кула со висина од 300 метри, првично е планирана како експонат, воедно и главна капија за влез во Светската изложба со која е одбележана стогодишнината од Француската револуија.

По нејзината изградба во центарот на градот на светлината, многу жители на Париз оцениле дека воопшто не им се допаѓа и треба да биде отстранета, но со текот на времето таа стана симбол на градот и своевидно ремек дело.

Ајфеловата кула по двогодишната изградба инагурирана е на 31 март, а свечено е отворена на 6 мај 1889 година.

Оттогаш таа е најпознатиот симбол на Париз и  годишно е посетена од над пет милиони луѓе.

Кулата името го доби по инженерот Гистав Ајфел (1832-1923), кој ја предводеше екипата експерти, а претходно се истакна како градител на мостови и вијадукти за железницата, но и за металната конструкција за Статуата на слободата.

 

На највисокиот кат од кулата сместена е реплика на канцеларијата на Ајфел и негова восочна фигура.

31.03.2014 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега