Земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди националниот парк Јелоустоун

Земјотрес сојачина од 4,8 степени по Рихтер го погоди националниот парк Јелоустоун во САД. Ова е најголем потрес од 1980 година, соопшти американскиот геолошки институт.

Потрес со ваков интензитет се смета за слаб за да предизвика активност на супервулкан, чија евентуална ерупција би имала последици по целиот свет.

Се уште нема информации за евентуална материјална штета.

Овој период од годината националниот парк Јелоустоун има малку посетители.

31.03.2014 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега