Скопјанец си чувал дома 3 и пол милиони денари - богатството заврши кај скопски арамија
Во неделата вечер, на улицата „Теодосиј Синаитски“ во Скопје, провалил во куќата на 41 годишниот Н.П. Крадецот ја пребарал куќата и го пронашол големото ббогатство на скопјанецот. Арамијата си заминал со 57.000 евра, 800.000 денари и поголема количина златен накит.
Според МВР, скопјанецот е оштетен за 3.420.000 денари. Полицијата трага по сторителот.