Нова спортска опрема за фудбалерките од Ѓорче Петров
Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски им доделил комплет спортска опрема на женскиот фудбалски клуб „ Единство-Ѓорче Петров“. Овој клуб е формиран 1980 година и своевремено се натпреварувал во првата југословенска женска фудбалска лига. По распаѓањето на некогашна Југославија клубот останал без средства за нормално функционирање.
-Челниците на клубот пред четри месеци тропнаа на вратата на градоначалникот Митровски од кого добија целосна поддршка и им беа овозможени нормални услови за нормално функционирање на клубот. Благодарение на таа соработка со општината „Единство –Ѓорче Петров“ стана финалист на Купот на Македонија и се наоѓа на самиот врв од табелата. Доделувањето на опремата е само дел од предвидените активности, во рамките на своите можности, кои општината ги планира за нормално функционирање на ситеклубови кои егзистираат во Ѓорче Петров. стои во соопштението од Општината.