УЈП се сели пред Општина Аеродром

Во четврток,  пред седиштето на Општина Аеродром во текот на работното време Управата за јавни приходи (УЈП) ќе постави „Мобилен даночен шалтер“, преку кој даночните услуги ќе можат да се доближат до даночните обврзници, информираат од Општината.

Преку опремено комбе како даночна мобилна канцеларија, стои во соопштението, граѓаните и фирмите ќе имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП