Загинаа шест лица за време на локалните избори во Турција

 

Загинаа  шест луѓе, членови на сопернички партии на локалните избори во турските окрузи Шанлурфа и Хатај, јужна Турција.

 Две лица загинаа, а деветмина се повредени во судири во округот Хатај.

 Во спор меѓу две семејства, кои поддржувале различни кандидати во округот Шанлурфа, убиени се четворица, а осум лица се повредени.

Турската полиција работи на расветлување на случајот.

30.03.2014 - 15:22
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега