Опасната дрога Крокодил присутна во Хрватска
Во Хрватска е забележана опасната дрога крокодил која доведува до бројни негативни последици, меѓу кои гангрена и ампутирање на делови од телото.
Три жени и двајца мажи од Осиек се приведени под сомнение дека го продавале опасниот наркотик кој откако ќе почне да се употребува кожата станува зелена и почнува да се лупи, што е прв степен на распаѓање на телото.
Министерство за внатрешни работи соопшти дека тоа е прв случај да биде откриен наркотикот „крокодил“ на територијата на Хрватска.
30.03.2014 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа