Гоца Тржан го тужи поранешниот сопруг
Српската пејачка Гоца Тржан одлучила да стави точка на приказната околу поранешниот сопруг Иван Маринковиќ околу неговото плаќање на алиментација за нивната ќеркичка Лана.
- Многу ми е непријатно да зборувам околу тоа. Секогаш морам да објаснувам што е вистина , а што не е. Последен пат зборувам за ова и изјавувам дека мојот поранешен сопруг го посети јавниот обвинител и беше на сослушување поради неплаќање на алиментација која се третира како кривично дело, вели Гоца за Стори.рс.
Во август по две години од нашиот развод, го тужев бидеќи не сум добила динар за мојата ќерка, во септември судот донесе пресуда за принудна наплата над целокупниот имот на Иван Маринковиќ. Ова не се работи кои ги зборувам напамет туку имам докази за тоа. Целта на оваа приказна е дека додека Иван беше во реалното шоу Фарма доби само 120.000 динари која неговата мајака мораше да ги исплати. Таа сума ја покриваше алиментација за само две години, меѓутоа од тогаш Лана не доби ни денар, што значи дека тој веќе седум месеци ги повторува кривичните дела. Можам да разберам било што но нем можам да сфатам дека својот маркетинг го користи за да докаже нешто на суд, изјавила Гоца Тржан.
Пејачката поднесе тужба за зголемување на алиментацијата од 5.000 до 12.000, рочиштето е закажано за април
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа