Четиринаесет партии доставија листи на кандидати за пратеници
Четиринаесет партии доставија листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија за претстојните парламентарни избори.
Листи за пратеници поднеле ВМРО - ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз, Демократската унија за интеграции (ДУИ), ВМРО-НП, Демократската партија на Албанците (ДПА), Националнатa демократска преродба (НДП), ГРОМ, Коалицијата „Достоинство за Македонија“, Алијанса за позитивна Македонија, Партијата за европска иднина, Народното движење за Македонија, ПДП и Партијата за економски промени 21 и СДПМ.
ДИК има рок од 48 часа да утврди дали листите се доставени во согласност со одредбите на Изборниот законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа