Иванов во Кратово: Граѓаните сами ќе одлучуваат за клучните национални прашања

 

Претседателот Иванов одржа митинг во Кратово и доби масовна поддршка од граѓаните. Во продолжение ви го пренесуваме неговиот говор во целост.

Добар ден Кратово!

Добар ден Македонија!

Добар ден за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата За подобра Македонија!

Добар ден и за лидерот на социјалистичката партија кој сака да го именуваме другарот Ѕинго!

             Често пати доаѓам во Кратово, не затоа што таткото на мојата сопруга е од Кратово и како што честопати знаете да кажете дека сум кратовски зет, туку доаѓам и за да му оддадеме почит на Св. Ѓорги Кратовски и на многу големи луѓе кои потекнале од Кратово. Доаѓам за да се среќавам со граѓаните на Кратово.

             Пред   5 години од ова исто место, кога многу луѓе не ме познаваа, реков дека ќе препознаете по моите 3 принципи кои ме водат во животот: дека сум чесен, дека сум искрен и дека сум вреден. По 5 години имам чист образ повторно од ова исто место да ви кажам дека останав чесен, искрен и вреден. Истиот сум, не се променив.  

             Пред 5 години ја  освоив вашата довреба со програмата која ја понудив. Таа програма е целосно исполнета и доаѓам со нова програма за нова доверба за следните 5 години. Како што кажа и вицепремиерот Пешевски, покажавме како се работи тимски за Македонија, како се сака Македонија и како се гледаат сите тие резултатите од заедничката  работа. Каде и да одев обезбедувава полтичка поддршка за проектите на владата, каде и да одев го промовирав новото лице на Македонија, како земја реформатор, како земја со најповолни услови за странски инвестивции, каде се потребни инвестиции и каде е потребна поддршка и пмош. И јас и сите луѓе од Владата не сме луѓе кои тука така го кажуваме зборот.Се што сме кажале сме исполниле и затоа имаме образ повторно да дојдеме и да побараме доверба од вас.

 Почитувани граѓани

             Кратово е град кој ги чува нашите традиции, вредности, ја почитува чаршијата, еснафот, градот на мостовите опеани во песните и затоа отчетот кој ме прави горд почнува од тоа што сите може да го видиме,  економскиот раст и развој на Македонија.

             Донесени се повеќе од 2 милијарди странски инвестиции кои можеме да ги видиме секаде во Македонија.Синоќа ја видовме најголемата фабрика во Кавадарци која вработува 4000 луѓе.Тоа е успехот на Македонија. Можеме да видиме како се градат автопатишта, ќе се заврши изгрдбата на пругата до Бугарија.Обезбедивме 120.000 нови работни места во Македонија кога беше најголемата светска криза.

             Ја градиме Македонија како напредна земјоделска земја, во која земјоделците со субвенцииите можат да обезбедат достоен живот. И во наредниот продолжат  субвенциите. Тие стигнаа до 500 милиони евра. Половина милијарда се вложени во земјоделието и земјоделието знае со извозот на земјоделски производи како да ги врати тие вложени средства во Македонија.

Можеме да се пофалиме со сето она што го направивме и што може секој од вас да го види.

             Реконструиран е регионалниот пат Кратово – Пробиштип, изградени се повеќе локални патишта, изграден е мост на Крива Река во населеното место Куклица, во тек е изградбата на колекторски систем за речнотокорито на реката Кратовска. Браната „Кнежево“ е најголемиот објект во рамките на регионалниот хидросистем „Злетовица“ и таа беше пуштена во употреба во јануари 2013 година. Со оваа инвестиција, заврши реализацијата на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“. Инвестицијата е вредна 100 милиони евра, а со неа се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава, меѓу кои и Кратово.

 Почитувани,

             Заедно со Владата водевме надворешна политика заснована врз принципи. Отвореност, дијалог и соработка. Најголем дел од времето посветивме на прашањето за разликата околу името, што нби го оставија во наследтсво. Имам јасен став за кој знам дека имам поддршка од граѓаните за тој став. Не прифатив и нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.

             И овде во Кратово ќе повторам, македонските граѓани сами ќе одлучуваат за своите клучни национални прашања. Јас сум претседател кој го слуша својот народ и му служи на својот народ.

             Македонскиот народ не случајно рекол славењето и гостопримството ни е во крвта, нема слава без соседот, без гости. Македонците се отворени луѓе, добри соседи, гостопримливи кон добронамерниците. Драги кратовци, тие принципи се и мои принципи во надоврешната политика, во градењето на  добрососедските односи, во регионалната соработка. 

  Почитувани граѓани,

             Бев во многу метрополи во изминатите 5 години, се среќавав со светски лидери, но не заборавив од каде потекнувам. Затоа имав средби со граѓаните.Посетив многу градови и села и мојот кабинет беше отворен за секој што сакаше да се сретне со мене  да каже што мисли за тоа што го правиме, како се справува со предизвиците.Повеќе од 5000 граѓани беа во мојот Кабинет. Со сите се среќавав, разговарав  и на сите посветив внимание. Им помагав во рамки на моите надлежности колку што можев.

             Вратите на мојот Кабинет ќе останат отворени,  но сега и за новите технологии, да можат граѓаните преку новите технологии да доставуваат предлози, барања и идеи до мене и моите соработници.,,,

             Тоа што го правев јас го правеа и Премиерот и министрите.Од сите ваши потреби се создазаваат програмите кои ги исполнуваме и за нив даваме отчет. Во тоа е разликата меѓу нас и другите. Ние секогаш тоа што го кажуваме го исполнуваме и знаеме  да дадеме отчет..Дали станува збор за пат, амбуланта, училиште, сето тоа влегува во програмата на коалицијата и еден по еден проект се реализираше. Јас уште од првиот ден на фунцкијата Претседател ги поддржував сите проекти кои се во интерес на грѓаните на Македонија. И во рамките на моите надлежности секогаш помагав тие проекти да се реализираат. Видовме дека се спроведуваат реформи во секоја област од нашиот живот.

             Имавме проекти во културата, во образованието, социјалата... Се повеќе поддршка добиваат иницијативите и проектите за самовработување на младите.

             Бев во светски универзитети, но не ги заборавав ниту нашите студенти. Ги мотивирав да успеат во животот. Затоа што инвестицијата во младите, во нивното образование е инвестиција во економскиот успех и просперитет на Македонија. Но нема да знастанаме тука.

             Продолжуваме со ист интензитет, со иста посветеност и љубов кон Македонија.

 Затоа што за нас државата е пред сè!

Да живее Кратово!

 

Да живее Република Македонија!

29.03.2014 - 14:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега