Откриени нови пропусти: Не биле проверени пасошите на патниците од исчезнатиот авион

Меѓународната полициска агенција Интерпол денеска соопшти дека малезиското миграционо одделение не ги проверило пасошите на патниците кои исчезнаа авионот од кој веќе со недели нема ни трага.

Според податоцитена Интерпол, малезиското имиграционо одделение не ги проверило пасошите на патниците во базата на Интерпол. Како резултат на тоа, два патника со украдени италијански и австриски пасоши можеле да се качат во авионот. 

За потсетување, авионот со 239 патници исчезна на 8 март.

29.03.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега