Денеска погледнете театарска претстава и донирајте за СОС Детското село

Во организација на PTPI Скопје-Macedonia Community Chapter, во соработка со  Агенцијата за млади и спорт и Драмскиот театар, денеска ќе биде изведена хуманитарна претстава „Апел за...“  во Драмскиот театар - Скопје со цел да се помогне на СОС Детското село.

Претставата е креирана во рамки на инцијативите на Националната кампања против говор на омраза, чиј национален координатор е Агенцијата за млади и спорт и е дел од активностите во Неделата за борба против расна дискриминација,а ќе биде изведена од страна на  средношколци и студенти. Целта е да се крене глас против дискриминацијата, насилството и говорот на омраза.

Ценатана билетите на претставата на која ќе играат ученици од ДКЦ „С’клет“ при средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров е 100 денари.

29.03.2014 - 10:50
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега