Илир Мета ќе биде премиер на Албанија?

Лидерот на Движењето за социјалистичка интеграција Илир Мета, кој на претстојните избри во Албанија ќе настапи во коалиција со социјалистите на Еди Рама, на средба со новинарите нагласи дека кандидатот за албански премиер на актуелната опозиција се уште не е одреден.

Мета не ја отфрли можност тој да биде кандидат за премиер по парламентарните избори што ќе се одржат на 23 јуни. 

- Важна е победата на обединетата опозиција и разликата ќе биде со над 200.000 гласови. Другите прашања се во согласност со демократските правила и норми. Односите со ПС и со другите политички партии од коалицијата се конструктувни и како такви ќе продолжат и по 23 јуни и ќе останеме доследни на начелата кои ги потпишавме, изјави Мета.

 

најчитано сега