Иванов: Македонија да прерасне во земја на иновации и нови технологии

Ѓорге Иванов пред присутните граѓани во Кавадарци каде вечерва ја промовираше својата кандидатура за претседател на Република Македонија истакна дека само со образовани кадри може да ја оствариме целта: економија, економија, економија.

Ќе продолжам и со моите проекти „Школа за млади лидери“ и „Најдобар млад научник“. Проекти со кои ги мотивираме и ги инспирираме младите луѓе да се развиваат и да станат успешни. Проекти со кои ја поддржувам македонската наука и ги охрабрувам младите научници. Сакам Македонија да прерасне во земја на иновации и нови технологии, кои ќе бидат двигатели на македонската економија, нагласи Иванов.

Тој посочи дека ќе продолжи да ги поддржува реформите насочени кон подобрување на образованието, бидејќи Македонија ќе понуди поголеми можности за оние што се образовани, квалификувани, што се експерти и кои вредно работат и се подготвени да го користат својот труд, своите вештини и таленти за да ја обезбедат сегашноста и иднината на своите семејства.

28.03.2014 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега