Иванов: Гасификацијата на Македонија ќе значи развој на економијата и производството
Актуелниот и кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов на вечерашниот митинг во Неготино истакна дека се создадени нови можности за македонската економија.
-Ја внесовме Македонија во плановите за гасоводот „Јужен тек“.Во Неготино ќе се вкрстат првата и втората делница на гасоводот, Клечовце- Штип- Неготино и Неготино-Прилеп –Битола. Гасификацијата на Македонија ќе значи поевтина енергија, пониски цени на македонските производи, повеќе можности за развојот на македонската економија и производство. Гасификацијата ќе ги зголеми шансите за нови инвестиции и за нови работни места во Неготино, нагласи Иванов.
Иванов додаде дека поради цената на гасот некои инвеститори не инвестирале во земјава, но сега, како што посочи, имаат можност повторно да им се обратат и да ги информират дека ќе има евтин енергенс во Македонија.
Тој додаде дека тимската работа покажала дека знаат да ги реализираат целите и идеите кои ги имаат, а знаат и што понатаму треба да се прави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа