ФОТО: НАСА објави најдетална панорама на Млечниот пат

 

Ова е најдеталната панорама на Млечниот пат која ја објави Американската вселенска агенција (НАСА).

Наречена ГЛИМПСЕ360, панорамата од 360 степени од нашата галаксија има 20 гигапиксели, а реализирана е врз основа а два милиони инфрацрвени фотографии, кои во изминатите десет години ги сними вселенскиот телескоп Спицер.

Панорамската снимка пружа увид во целата галаксија. Според астрофизичарите тоа е најпрецизно и најдетално претставување на Млечниот пат. 

28.03.2014 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега