Иванов: Еден од столбовите на мојата програма е поддршка за унапредување на земјоделството
Актуелниот и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов на денешниот митинг во Велес истакна дека се посветени на индустријата, но не го забораваат и земјоделството.
-Еден од столбовите на мојата програма е поддршка за унапредување на земјоделството. Сакаме Македонија да биде напредна земјоделска земја. Многу е направено за земјоделството. Досега се исплатени половина милијарда евра субвенции за земјоделците. Само за овој регион од 2006 до 2013 година се исплатени околу 1.27 милијарди денари. Само за 2013 година се исплатени 150 милиони денари субвенции за одгледување тутун, житни растенија и за сточарството. Инвестирањето ќе продолжи за да се отвораат многу нови работни места, истакна Иванов во Велес.
Тој додаде дека еден од неговите столбови е и образованието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа