ВИДЕО: Битката на гигантите започна пред точно 10 години

Пред точно десет години во 2004, големите ривали, светски гиганти во тенисот Роџер Федерер и Рафаел Надал го одиграа својот прв меѓусебен дуел.

Ваквиот дуел се случи во рамки на турнирот во Мајами кој во моментов е на програмата. Надал тогаш на свои 17 години, успеа да триумфира над тогаш светскиот број 1 тениски рекет неприкосновениот Швајцарец Федерер со 6:3 и 6:3 по сетови. 

Победата на „матадорот“ од Мајорка во тоа време се сметаше за големо изненадување бидејќи тогаш беше на 34-то место на АТП листата.

Од тогаш Надал има биланс од 23 победи и 10 порази во пресметките со Федерер.

28.03.2014 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега