Малите сипаници земаат замав - заразено две ипол месечно бебенце
Епидемијата на морбили е само уште еден аргумент повеќе дека не смее да се размислува и да се преземаат чекори за намалување на вакцинацијата или за воведување на незадолжително вакцинирање. Ова денеска го изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање пред трибината за сурогат мајчинство.
- Ниту еден родител нема право на погрешен избор за здравјето на неговото дете. Напротив, има обврска да се грижи за здравјето на детето. Имаме епидемија на морбили. Дваесет и пет случаи се клинички потврдени, а денеска имаме уште осум нови случаи, кои сеуште не се потврдени. Тоа покажува дека многу малку треба за да се појави епидемија, истакна Тодоров.
Министерот додаде и дека не треба да се мисли дали да се пуштаат децата во градинки, училиште или на масовни собири, туку треба да се мисли да се вакцинираат.
- Тоа е основната препорака која е дадена од Комисијата - да се погледнат сите картони за вакцинација и оние што не се вакцинирани да го сторат тоа, особено тие кои во семејството имаат некој заразен, заврши Тодоров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа