Неколку работи кои треба да ги знаеш пред да ѝ пријдеш
На некои мажи приоѓањето на девојки им е прилично стресно, а се работи за техника која би требало да биде многу едноставна и опуштена. Баш во тоа е проблемот, не се никогаш доволно опуштени, секогаш се прашуваат милиони непотребни прашања, премногу размислуваат и се плажат од одбивање. Ако во главата успееме да ги изоставиме сите тие работи, тогаш приоѓањето на девојки ќе ни биде рутина без преголеми стресови, а играта ќе биде подобра од ден на ден. Во продолжение ви претставуваме кои работи морате да ги знаете пред да одлучите да и пријдете на убавата девојка која веќе долго време само ја набљудувате.
Првите триесет секунди ќе го одредат понатамошниот тек
Ако добро го отворите разговорот, шансите да бидете одма одбиени се мали. Кога ќе и пријдете и ќе ја изненадите, битно е разговорот да тргне со интересен и упоштен тон. Ако успеавте да ја заинтересирате во почетната фаза, веќе сте завршиле половина од работата. Ако сте го добиле нејзиното внимание, тоа е тоа, продолжете со опуштен тон.
Жените сакаат кога мажите ќе им пријдат
Поставете си ги работите во главите размислувајќи за тоа дека девојките се поласкани пога ќе им пријде маж. Жените сакаат внимание, сакаат да се чувствуваат посакувани, а ако им покажете дека ви се интересни и привлечни, тоа ќе ги направи среќни и ќе влијае на нивното его. Ако се во свое најдобро издание и ја набљудуваат околината, соберете храброст и тргнете во напад. Од причината што вашето внимание на повеќето ќе им годи, нема да бидат груби дури и ако од некоја причина не сакаат да разговараат со вас.
Не го сфаќајте одбивањето на таков начин
Во животот најмногу учиме од своите грешки, а слична работа треба да се случува и кога заведуваме некоја девојка, па дури и ако не сте биле одбиени заради ваша грешка. Секое одбивање сфаќајте го како едно ново искуство и немојте трагично да го доживувате. Одбивањето е најнормална работа низ која сите сме поминале барем еднаш. Во ред, овој пат не успеавте, но утре е нов ден, нова прилика со новостекнатото искуство да освоите некоја девојка која ви се допаѓа.
Секое влетување ве прави подобри
Со пракса до совршенство. Секако дека педесеттото заведување нема да биде еднакво на првото. Со секое приоѓање на девојка, ќе бидете подобри, повеќе опуштени и со повеќе самодоверба. Присетете се на грешката која што сте ја направиле претходниот пат, припремете се и бидете спремни за следниот пат кога ќе ви се појави прилика и не правете ја истата грешка по втор пат. Ако одете по тој пат и ги исправате своите грешки, успехот е неизбежен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа