Попоски на состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Атина

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, на 5 април во Атина ќе учествува на заеднички состанок на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ и земјите-кандидати.

Еден ден претходно, грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос ќе биде домаќин на неформален состанок на министрите за надворешни работи на Унијата, т.н. Гимних. На состанокот  „ќе се разгледаат сите актуелни прашања во Источното и Јужното соседство и ќе се оценат односите на ЕУ со нејзините стратешки партнери“.

Состанокот со шефовите на дипломатиите на земјите кандидати ќе се одржи во рамките на Гимних.

28.03.2014 - 14:02
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега